Раководството на Тотенхем одлучи да ги откупи правата на играчот од средниот ред, Дејан Кулушевски и дефанзивецот Кристијан Ромеро, изјави новинарот Фабрицио Романо.
Двајцата се во сопственост на италијанските Јувентус и Аталанта и беа позајмени на Тотенхем на позајмица. Во тимот на Антонио Конте и Швеѓанецот(со македонско потекло) и Аргентинецот веднаш се наметнаа како стартери и им помогнаа на „мамузите“ да направат забележителен напредок во поредокот.
Пред последното коло во Премиер лигата, на Тотенхем му треба само 1 бод во гостувањето кај последниот на табелата Норич за да се зацврсти на четвртата позиција и пласман во Лигата на шампионите следната сезона.
Според Романо, клубот од северен Лондон ќе плати вкупно околу 80 милиони евра за правата на Кулушевски и Ромеро. Закупите на Кулушевски и Ромеро истекуваат во летото 2023 година, а Тотенхем има можност да ги купи под одредени услови.