166
Вчера изутрина со автомобил била прегазена млада девојка во Скопје, информираа од МВР.
На 29.12.2022 во 09.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Московска“ со ул.„Прашка“ во Скопје, товарно моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ш.С.(20) од с.Сарај, скопско, удрило во З.Г.(23) од Кавадарци.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила З.Г. констатирани во Градската општа болница “8-ми Септември“.
Извршен бил од увидна екипа од СВР Скопје, додаваат од МВР.