ТРАГЕДИЈА ВО СРБИЈА: Маж убиен пред својот син во ресторан, го нападнале шест лица

од Stefanija Kuzmanovska
799 прегледи

Шест лица се уапсени под сомнение дека синоќа во ресторан во Младеновац, Србија, до смрт го претепале Душан А.(47). Според неофицијални информации на „Нова.рс“, убиениот Душан во моментот на нападот бил во кафеаната со својот син, а се уште не се знае кој бил мотивот за грозоморното злосторство.

Нападот се случил околу 23 часот во ресторанот „Панорама“.

Се уште не е познато што го предизвикало конфликтот меѓу мажите, а брутално претепаниот маж починал еден час по нападот од удар во главата. Наводно, напаѓачите го претепале со шише.

Убиениот маж во Младеновац е попознат како Дуле пежо, со оглед на тоа што во тоа место држел автосервис.

Со брзата реакција на полицијата уапсени се шест лица меѓу кои и убиецот на Душан. Полицијата и обвинителството ги истражуваат сите околности за страшниот напад.

Осомничените во полиција биле задржани до 48 часа.

Слични содржини