Трагедија во светот на фудбалот: Почина Марадона

од Stefanija Kuzmanovska
287 прегледи

Диего Армандо Марадона, легендата на светскиот фудбал, почина од последици на срцев удар, пренесува аргентинскиот „Кларин“.

Трагичната вест ја пренесоа ЕСПН и бројни аргентински медиуми, иако засега нема официјална потврда од семејството.

Сепак, потресната информација ја обиколи планетата и го зави фудбалот во црно – Марадона починал на 61 година, во неговиот дом во Аргентина.

Легендарниот Ел Пибе претходно се опоравуваше по операцијата на мозокот која ја имаше неодамна.

Тој престојувал во својата куќа во Тигре, дел од Буенос Аирес.

Овој пат „дриблингот не помина“ и Марадона замина во вечна слава. Неверојатна трагедија за целиот спорт, особено фудбалот.

Слични содржини