Деветнаесетгодишната Марлен Очоа- Лопез од Чикаго беше убиена во деветиот месец на бременоста од 46 годишната Клариса Фигуероа , а и помагала нејзината ќерка.

Двете монструмки ја запознале бремената тинејџерка на Фејсбук , каде и напишале дека ќе и подарат бебешка облека. Тинејџерката отишла на адресата и не излегла жива од зградата .
Средовечната жена и го исекла стомакот , го извадила бебето и телото на девојката го фрлиле со ќерка и во контејнер. Потоа Клариса повикала итна помош и побарала да ја однесат во болница , зашто наводно таа се породила и бебето е во критична состојба.
Но , докторите утврдиле дека женаат воопшто не е родилка и пријавиле во полиција дека се сомневаат оти нешто и се случило на вистинската мајка.
За жал , малото момченце , кое го доби името Јовани Џардиел Лопез денеска почина во болницата во Чикаго од тешки повреди на мозокот , предизвикани со ножот со кој монструмката и го сечел стомакот на младата мајка.
Бебето од 30. април било вклучено на апарати , а денеска починало.