Трајанов: Една изборна единица да биде владин приоритет

од Берта Китинска

Демократскиот сојуз бара реформа на изборното законодавство, односно нов Изборен законик, во кој ќе се дефинират основите за рамноправен политички натревар.

-Наскоро пред пратениците ќе биде доставен предлог за избор на нова Влада и Програма за работа на владата во периодот 2022–2024 година.При градењето на приоритетите предлагам еден од врвните приоритети да биде темелни реформи на изборното законодавство, при што да се подготви нов Изборен законик во кој ќе се дефинираат основи за рамноправен политички натпревар, да се елиминираат системските предности за четирите „големи партии“, потоа Македонија да биде една изборна единица со пропорционален модел и без изборен праг, предлага пратеникот Павле Трајанов од Демократскиот Сојуз.

Трајанов повикува новите изборни правила да се донесат најдоцна до крајот на февруари, а измените на Изборниот Законик кои се во собраниска постапка да се донесат до 15 јануари 2022 година.

 

 

Слични содржини