Трајанов: Со докажување на правдата, не се руши правниот систем, туку се јакне

од Берта Китинска

Од многу предмети случаи не се бара амнестија туку фер судење, односно законска обврска за такво судење. Секој оној кој има докази дека биле фалсификувани ќе може да ја обнови постапката. Очекувам на 14 декември да се усвои резолуцијата за жртвите на судскиот систем и за Закон за преиспитување на факти и докази во судска постапка ,  вели Павле Трајанов, претседател на Демократски сојуз во Студио 10 на ТВ24.

Тој вели дека со докажување на правдата, не се руши правниот систем, туку се јакне

„ Со докажување на правдата, не се руши правниот систем, туку се јакне. Не може во 21 век преку монтирани процеси да страдаат луѓе, ако актуелната власта не се замара со овие прашања, илузорно е да сметаме дека ќе има и во иднина вакви закони. Ова е најлегален начин, повторување на постапката за да се дојде до вистината. Ако се докаже дека некој е невин, неосновано е осуден, може да се бара оштетно побарување, интенција е рехабилитација и тоа правна. Една од основните цели е преиспитување на работата на секој што бил вклучен, работата на јавниот обвинител, на УБК, ќе се види улогата и на судиите, и тоа ќе биде основа за евентуална постапка за нив. СЈО требаше да биде коректор на неправдата, но кородираше, потпадна под бизнис влијанија, и тука крахиравме како систем. Се одеше на политички компромис, а штом се вклучат партиите во договор за раководење на правдата, сведоци сме на корумпирано обвинителство со големи последици“,Трајанов,

Во врска со финансирањето на политичките партии од страна на државата тој напоменува дека  големите партии треба сами да се финансираат.

„Сум против државата да ги финансира политичките партии, не може државата да ја финансира медиумската кампања, имаме партиски институции кои ги финансира државата. Ни требаат помали партии, не треба државата да финансира, системот е така направен само големите партии да земаат од големиот колач. ДС доби 6.000 евра за 2019 година за активност на партијата. СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ добија многу пари. Не ни требаат партии од 200.000 членови, нека се финансираат самите, штом имаат толкаво членство. Двапати расправаме за Буџетот, главната активност на пратениците е контрола на трошењето на парите. Треба кога се креира Буџетот, да се дадат идеи“ , Трајанов.

Слични содржини