Трајанов: Влада баш лесно не паѓа, Заев не треба да се повлече

од Nikola Popovski

После изборите, Заев внатре може да ги отвори прашањата од редефинирање на централната политика и кадровските политики. Непродуктивно е да се најави дека ќе се повлечете од премиерската позиција, смета лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов.

Според него, таквата политика не поминува кај граѓаните, затоа што ги храбри тие што сакаат да падне Заев и владата.

-Тоа е манипулација и ги храбри гласачите на ВМРО-ДПМНЕ. Влада баш лесно не паѓа. Тоа е веројатно кампања на Заев како да ги мотивира гласачите, но мислам на тој начин само ги демотивира. Погрешен му е потегот, така не се мобилизира членството. Демотивација е и за членството и за коалициските партии ако најавува дека ќе се повлече, додава Трајанов во емисијата „Утрински брифинг“.

Слични содржини