Трајковски: Загрозен е туристичкиот локалитет Кукуље, и по 4 дена активен е голем шумски пожар

од Nikola Popovski

Во делчевски Нов Истевник и по 4 дена е активен големиот шумски пожар. Ситуацијата кај маалото Пасјак е стабилна, но од утрово пламените јазици го напаѓаат малото Балабанци, Курачкото Маало, а загрозен е и туристичкиот локалитет Кукуљe, информира градоначалникот на општина Делчево, Горан Трајковски.

Според неговите збориви, во моментот во гаснењето учествуваат околу 200 луѓе меѓу кои и припадници на Армијата и дел од екипата пожарникари од Бугарија.

-Меѓу тие луѓе кои активно гасат се и десетина доброволци, вработени во Јавното комунално прерпријатие, Шумското стопанство, имаме луѓе од локалната самоуправа, наши и пожарникари од соседни општини, така што се прави сè што е во наша моќ за да се локализира пожарот, објави Трајковски.

Слични содржини