Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која се воведуваат реципрочни царински давачки (тарифи) од 10% до 41% за американскиот увоз од десетици земји и странски територии. Новите царински мерки на САД влијаат и на Канада, Индија, Швајцарија и бројни други земји – вклучувајќи ја и Македонија.
Македонија ќе биде погодена со царини од 15% на извозот кон американскиот пазар – значително пониска од првично предложената стапка од 33% која беше објавена во април годинава. Царините за Македонија се исто како за Европската Унија, којашто склучи трговски договор само пред три дена, на 27 јули.
🚨 Full List of US Reciprocal Tariffs by Country (Effective Aug 1)
Trump’s new Executive Order enforces country-specific tariff hikes citing trade imbalance & national security. Here’s what each nation faces 👇
—
🇦🇫 Afghanistan – 15%
🇩🇿 Algeria – 30%
🇦🇴 Angola – 15%
🇧🇩…— Depin Bhat (@DepinBhat) August 1, 2025
Некои од најсиромашните и најразорените од војни земји во светот ќе се соочат со високи тарифи. Сирија ќе има стапка од 41 процент, Лаос и Мјанмар по 40 проценти, Либија 30 проценти, Ирак 35 проценти и Шри Ланка 20 проценти.
Србија е исто така на листата со царински давачки од 35 проценти. Во споредба со 2 април, кога Трамп првпат ги објави тарифите, бројката за Србија е намалена – од 37 на 35 проценти. Од регионот, БиХ е исто така на листата со царински давачки од 30 проценти.
Од европските земји најсилно е погодена Швајцарија, со стапка од 39 отсто. Црна Гора, Косово и Албанија, како и сите останати земји коишто не се наоѓаат на списокот на земји наречен од Белата куќа, Анекс 1, ќе имаат пониска стапка, од 10 отсто.