Восочна фигура на Доналд Трамп ќе го замени восочниот Обама во Музејот “Мадам Тисо” во Лондон.
Со грбот на САД, облечен во темносин костум, раце на крстот и намусен израз на портокаловото лице, восочниот дупликат на претседателот Доналд Трамп ќе ги пречекува гостите во познатиот музеј.
Специјалисти дури биле специјално најмени за да создадат идеална копија на фризурата на американскиот милијардер.
Со претворањето на републиканецот во дел од изложбата во петокот, од макетата на Овалната соба ќе биде отстранета пак восочната фигура на Обама.
Други политичари, вклучени во изложбата на легендарниот музеј се рускиот претседател Владимир Путин и британскиот министер за надворешни работи, Борис Џонсон.