ТРАМП ГО ОСУДИ ТВИТЕР: Го укинаа мојот профил, а на Талибанците им е дозволено да се огласуваат

од Stefanija Kuzmanovska
211 прегледи

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја осуди социјалната мрежа Твитер затоа што, според него,  им дозволила на Талибанците да се огласуваат, додека неговиот профил бил укинат.

„Срамота е кога ќе помислите дека имате убијци и разбојници и диктатори и … многу морничави диктатори, држави, и на сите им е дозволено да зборуваат, но претседателот на Соединетите држави, зад кој стојат стотици милиони луѓе, е отстранет од мрежите“, рече тој за Newsmax во телефонско интервју во средата вечерта.

„Дејли Мејл“ пренесува дека на портпаролот на Талибанците, Забихула Муџахид му било дозволено да ги ажурира податоците за напредокот на исламистите, опишувајќи како талибанските воени единици го освоиле Кабул.

Другите платформи, како што е Фејсбук, не дозволуваат коментари кои го слават насилството, а тоа важи и за терористичка група како што се Талибанците, додава британскиот весник.

Но, до средата навечер, профилот на Муџахедин на Твитер беше активен, со повеќе од 322.000 следбеници.

Портпаролот на Твитер рече дека ситуацијата во Авганистан брзо се менува и дека луѓето во таа земја го користат Твитер за да побараат помош.

„Приоритет на Твитер е безбедноста на луѓето, ние остануваме цврсто посветени на тоа. Ќе продолжиме да ги спроведуваме правилата на компанијата и ќе ја следиме содржината што може да ги прекрши правилата на Твитер, особено правилата за величење на насилство, манипулација со платформата и ‘спамирањето’, изјави портпаролот.

Твитер трајно ја укина сметката на Трамп на 8 јануари, по немирите што ги предизвикаа неговите поддржувачи во Капитол на 6 јануари, а во тоа време имаше повеќе од 80 милиони следбеници.

Слични содржини