Трамп го предизвикува Бајден на дебата „било каде и во било кое време“

од Nikola Popovski

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го предизвика актуелниот американски претседател Џозеф Бајден на ТВ дебата „било каде и во било кое време“.

Најверојатниот републикански кандидат за претседателска номинација додаде дека го поканува Бајден, најверојатниот ривал од редовите на Демократите на изборите во ноември 2024 година, на дебата, во било кое време и на кое било место, јавува Би-Би-Си.

Повикот на Трамп доаѓа неколку часа откако неговата последна ривалка Ники Хејли се откажа од трката за републикански кандидат за Белата куќа.

„Важно е, за доброто на нашата земја, Џо Бајден и јас да разговараме за прашања од голема важност за Америка и американскиот народ“, напиш Трамп на својата мрежа „Truth Social“.

Изборниот штаб на Бајден не соопшти дали тој ќе учествува во дебата со Трамп, но му предложи на републиканскиот кандидат „ако е толку очаен да го види претседателот Бајден во ударен термин, не мора да чека“ и може да го погледа вечерашното обраќање на американскиот претседател до Конгресот за состојбата на нацијата.

Трамп беше жестоко критикуван откако одби да учествува во ТВ дебати со неговите републикански ривали за номинацијата на партијата за Белата куќа, јавува Би-Би-Си.

Бајден и Трамп во „Супер вторникoт“ ги постигнаа очекуваните победи на партиските избори и речиси е сигурно дека двајцата, како и пред четири години, повторно ќе ги одмерат силите во борбата за место во Белата куќа.

Слични содржини