Американскиот претседател Доналд Трамп денес ѝ посака среќа на Канада на изборите и повика таа да стане 51-ва држава на Соединетите Американски Држави.
„Среќно на големиот народ на Канада. Изберете човек кој има сила и мудрост да ги преполови вашите даноци, да ја зголеми вашата воена моќ на највисоко ниво во светот бесплатно, да го зголеми вашиот бизнис четирикратно во автомобилите, челикот, алуминиумот, градежништвото, енергетиката и сите други индустрии, без царини или даноци, сè ако Канада стане драгоцената 51-ва држава на САД“, напиша Трамп на својата мрежа „Truth Social“.
Според него, „веќе не постои вештачки повлечена граница од пред многу години“.
„Погледнете колку би биле прекрасни овие огромни простори земја. Слободен пристап без граници. Сите позитивни страни без негативните страни. Така е судено да биде. Америка повеќе не може да ја субвенционира Канада со стотиците милијарди долари годишно што ги трошевме во минатото. Нема смисла, освен ако Канада не стане 51-ва држава на Америка“, се вели во соопштението на Трамп.