Трамп ја зголеми предноста пред Десантис во рамките на Републиканската партија

од Vladimir Zorba
358 прегледи

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп е уште попопуларен меѓу републиканските гласачи кога станува збор за изборот на кандидатот на таа партија за претседателските избори во 2024 година, според анкетата објавена денеска од NBC News.

Според тоа истражување, 51 отсто од гласачите на Републиканската партија би го избрале Трамп за свој кандидат, додека 22 отсто би гласале за гувернерот на Флорида Рон Десантис.

Тоа е пет отсто зголемување за Трамп и девет отсто намалување за Десантис во споредба со анкетата на Ен-Би-Си во април.

Слични содржини