Трамп: Ќе бараме смртна казна за сторителите на убиства во Вашингтон

„Ако некој убие некого во главниот град, Вашингтон, ќе бараме смртна казна“, рече Трамп денес, за време на состанокот со членовите на кабинетот, објави CNN.

од Vladimir Zorba
41 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата администрација ќе бара смртна казна за сторителите на убиствата во Вашингтон.

„Ако некој убие некого во главниот град, Вашингтон, ќе бараме смртна казна“, рече Трамп денес, за време на состанокот со членовите на кабинетот, објави CNN.

Тој рече дека тоа е „многу силна превентивна“ мерка.