Трамп: Ќе ги депортирам мигрантите од Спрингфилд доколку победам

од Vladimir Zorba
11 прегледи

Републиканскиот претседателски кандидат и поранешен американски претседател Доналд Трамп изјави дека ќе им го одземе привремениот заштитен статус на мигрантите од Хаити во Спрингфилд, Охајо и ќе ги депортира во нивната татковина доколку победи на изборите во ноември.

– Тоа нема никаква врска со Хаити или што било друго. Мора да ги отстраните луѓето и да ги вратите во нивната земја. Спрингфилд е толку прекрасно место. Дали видовте што се случи со него? Тој беше прегазен. Не можеш да им го правиш тоа на луѓето. Би ставил крај на заштитениот статус и би ги вратил (мигрантите) во нивната земја – рече Трамп во интервју за News Nation.

Трамп додаде дека верува оти Хаити ќе ги прифати мигрантите назад под негово водство.

Претходно, републиканскиот кандидат за потпретседател Џеј-Ди Венс изјави дека мигрантите од Хаити, наводно, киднапирале и јаделе домашни миленици во Спрингфилд, а оваа теза подоцна ја повтори Трамп за време на изборната дебата.

Властите на Хаити ги нарекоа дискриминаторски ваквите изјави против мигрантите од нивната земја.

Слични содржини