Трамп: Кој ќе убие некого во Вашингтон, ќе добие смртна казна

од desk2
19 прегледи

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп денеска вети дека ќе воведе смртна казна за секое убиство во Вашингтон.

„Ако некој убие некого во главниот град, смртна казна. Главен град, смртна казна. Ако некој убие некого во главниот град, Вашингтон, ќе бараме смртна казна. А тоа е силно средство за одвраќање, рече Трамп за време на состанокот на својот кабинет во Белата куќа.

Додаде дека таа мерка ќе се применува во Вашингтон, а „сојузните држави ќе мора сами да решат“.

Веќе две седмици, стотици припадници на Националната гарда патролираат низ главниот град, откако Трамп прогласи кризна ситуација, тврдејќи дека Вашингтон е преплавен во бран на криминал. Министерот за одбрана, Пит Хегсет, минатата седмица им одобри на војниците на Националната гарда при патролите во Вашингтон да носат и оружје.

Трамп на почетокот на својот втор мандат потпиша извршна наредба со која повика на проширување на употребата на смртната казна за најтешките злосторства и им наложи на сојузните обвинители почесто да поднесуваат такви обвиненија.

Смртната казна е укината во 23 сојузни држави на САД, а три воведоа мораториум на неа.

Три сојузни држави – Аризона, Охајо и Тенеси – ја суспендираа смртната казна, но и најавија намера повторно да ја воспостават.

Слични содржини