Трамп: Криптовалутите не се пари

од Vladimir Zorba
150 прегледи

Доналд Трамп изрази недоверба кон криптовалутите и додаде дека мора да ги почитуваат правилата, објави Франс прес.

„Не сум фан на криптовалутите кои не се пари, чија вредност е многу варијабилна и не се потпира на ништо“, напиша на Твитер претседателот.

Трамп го предупреди Фејсбук, кој ја објави својата намера да создаде своја криптовалута во 2020 година, и други компании, дека ако сакаат да станат банки, треба да ги почитуваат регулативите како во САД, така и во светот.

„Имаме само една валута во САД … и таа се вика американски долар“, додаде шефот на државата.