„Извинете што ме чекавте, сега ми се јави секретарот Клинотон и ни ја честиташе победата “, некако така го започна Трамп својот победнички говор. „Ви благодарам многу.“

„ И јас честитав на неа и на нејзиното семејство за многу, многу борбената кампања. Таа се бореше многу добро. Хилари работеше многу долго и напорно долг временски период, и нашата земја ѝ должи голема благодарност“, рече Трамп
Очекувано помриеливо и без еуфорија Трамп рече дека нема чекање и дека за Америка веднаш мора да се почне со многу многу работа.
„Сега е време за Америка да ги излечи раните на поделбата… Јас велам дека е време да се сплотиме како еден обединет народ. Му ветувам на секој граѓанин на нашата земја дека ќе им бидам претседател на сите Американци, а тоа ми е многу важно.
За оние што избраа да не ме поддржат… Очекувам од вас да ме водите и да ми помагате за да можеме да работиме заедно за да ја обединиме нашата голема земја.“
Трамп рече дека владата ќе му служи на народот.
„Работејќи заедно, ние ќе ја почнеме итната задача за обнова на нашата нација“, рече тој. „Јас толку многу ја запознав нашата земја. Огромен потенцијал… секој можен Американец ќе има можност да го оствари својот потенцијал…“
„Ќе се обидеме да ги средиме нашите градови од внатрешноста… Ќе ја обновиме нашата инфраструктура, така што нема да има подобра од неа. А додека ја обновуваме, ќе вработиме милиони луѓе.“
Ќе дуплираме нашиот раст и ќе бидеме голема сила повторно, рече тој и вели дека ниедна сон не е премногу голема за него и американскиот народ од тука натаму. Сакам да кажам на светот дека американскиот интерес секогаш ќе биде на прво место, изјави Доналд Трамп. Тој вети дека ќе изгради добри односи со сите земји. “Ние ќе најдеме разбирање со сите земји, верувајте ми”, изјави новиот сопственик на Белата куќа. Трамп истакна дека американскиот народ е “способен да се справи со сите предизвици”. Тој ги повика нацијата на единство. “Дојде часот да се обединиме како еден народ”,. Категоричен е новиот американски претседател.
Трамп победи на изборите, освојување на 288 изборни гласа, додека неговиот противник Хилари Клинтон успеа да освои само 215.