Претседателот на САД, Доналд Трамп, најави царини од 10% за осум европски земји кои се противат на плановите на САД за Гренланд.
Во објава на неговата мрежа Truth Social, Трамп рече дека царините од 10% ќе стапат на сила на 1 февруари за Данска, Норвешка, Шведска, Франција, Германија, Велика Британија, Холандија и Финска, објави Ројтерс.
Според него, овие царини ќе се зголемат на 25 проценти од 1 јуни и ќе останат во сила сè додека не се постигне договор за купување на Гренланд.
Во долг пост на Truth Social, Трамп рече дека Данска, Норвешка, Шведска, Франција, Германија, Обединетото Кралство, Холандија и Финска, кои испратија војници во Гренланд, отпатувале во данската автономна територија „од непознати причини“.
Тој го повтори предупредувањето дека „Кина и Русија го сакаат Гренланд“ и додаде дека „Данска не може ништо да направи во врска со тоа“.
„Ова е многу опасна ситуација за безбедноста, сигурноста и опстанокот на нашата планета“, напиша Трамп.