Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека администрацијата во Вашингтон ќе го промени името на Министерството за одбрана во Министерство за војна во наредните денови, со цел да се врати „воениот етос“ во Пентагон.
Официјалното име на Пентагон по Втората светска војна беше Министерство за војна, а Трамп претходно ја критикуваше промената на името во Министерство за одбрана, објавува Политико.
„Кога ја добивме Првата светска војна, Втората светска војна, се викаше Министерство за војна. И за мене, тоа е навистина она што е“, рече Трамп на прес-конференција со јужнокорејскиот претседател Ли Џе-мјунг.