Трамп најави уште еден митинг во Батлер, градот каде што имаше обид за атентат врз него

од Vladimir Zorba
21 прегледи

Поранешниот американски претседател и републикански кандидат на претстојните претседателски избори Доналд Трамп најави дека наскоро ќе одржи уште еден митинг во Батлер, Пенсилванија, градот каде што имаше обид за атентат врз него на 13 јули.

„Ќе се вратам во Батлер, Пенсилванија на голем и убав собир“, напиша тој на социјалните мрежи.

Трамп не го прецизираше датумот на средбата, а деталите ќе ги соопшти подоцна, пренесува Ројтерс.

Слични содржини