Американскиот претседател Доналд Трамп објави денеска дека ќе објави детали за поддршка на теоријата дека вирусот „Ковид-19“ е ослободен од лабораторија во кинескиот град Вухан, каде пто започна пандемијата.
„Ќе информираме дефинитивно во одреден период“, истакна Трамп на прес-конференција во Белата куќа.
Првите случаи на вирус се поврзани со пазарот во Вухан, меѓутоа, првиот човек на американската Национална разузнавачка агенција ја отфрлил теоријата на заговор дека вирусот е направен како биолошко оружје, јавува Би-Би-Си.
„Вашингтон пост“ објави дека дипломатите испратиле две предупредувања до Вашингтон за кинескиот истражувачки објект, а поради страв дека институтот со истражувањето на коронавирусот на лилјакот би можел да ризикува нова пандемија слична на САРС.
Кина ги негираше ваквите тврдења.