Само неколку часа откако канадскиот премиер Марк Карни, следејќи го преседанот на Велика Британија, Франција и уште неколку други држави, соопшти дека Канада има намера да ја признае Палестинската држава на Генералното собрание на ОН во септември, реагираше претседателот на јужната сосетка на Канада, САД.
Доналд Трамп во пост на неговата социјална мрежа Трут Соушл напиша дека по ваквата одлука, тешко ќе биде да се склучи трговски договор за повластени услови на размена на стоки и услуги.
„Вау! Канада туку што објави дека поддржува државност на Палестина. Тоа прави за нас да биде многу тешко да склучиме трговска спогодба со нив! Оф Канада!“, напиша Трамп.
Тоа сосема извесно значи дека САД и Канада нема да склучат трговски договор со повластени царински стапки, оти денеска истекува рокот што Трамп го даде на сите трговски партнери на САД да склучат спогодба или ќе бидат изложени на царинските стапки што Трамп ги најавуваше досега.
Инаку, во последниве 8 дена уште две политички и економски суперсили објавија дека ќе ја признаат државноста на Палестина – Франција и Велика Британија.