Трамп по одлуката на судот во Колорадо: „Ова не е насочено против мене, туку против народот“

од Stefanija Kuzmanovska
264 прегледи

Откако судот во Колорадо донесе историска одлука Доналд Трамп да не може да се кандидира на претседателските избори во САД, тој (конечно) ѝ се обрати на јавноста.

Да потсетиме, поранешниот американски претседател беше обвинет за поттикнување немири во зградата на американскиот Капитол во обид да го поништи резултатот по поразот на американските избори во 2020 година, поради што Врховниот суд во Колорадо пресуди дека тој не може да се кандидира на следните претседателски избори.

Кампањата на Трамп соопшти дека пресудата од Колорадо е „погрешна“ и дека ќе поднесат жалба до Врховниот суд на САД.

По оваа необична одлука се огласи и самиот Трамп, кој на насобраните поддржувачи им порача дека ваквата судска одлука не е насочена против него туку против американскиот народ, кој нема да молчи.

„Кога овие радикални демократи ќе се соберат и ќе донесат одлука против мене, многу им благодарам“, рече Трамп, проследен со аплауз.

„Непријателот сака да ми ја одземе слободата затоа што сака да ја одземе вашата слобода. Никогаш нема да им дозволам да го направат тоа. Сакаат да ме замолчат затоа што никогаш нема да дозволам да ве замолчат вас и на крајот тие не ме нападнаа мене, ве нападнаа вас, а јас ги нападнав нив, само им стојам на патот и секогаш ќе им стојам на патот“, рече Трамп.

Слични содржини