Трамп прогласи вонредна состојба во САД

од Nikola Popovski

Претседателот на САД, Доналд Трамп, прогласи вонредна состојба во државата заради коронавирусот.

„Официјално прогласувам вонредна состојба“, рече Трамп за време на прес-конференцијата.

Американскиот лидер објасни дека ова ќе овозможи да се издвојат „до 50 милијарди долари“ за борба против болеста.

Трамп рече дека Министерството за здравство ќе добие нови овластувања за борба против епидемијата.

„Ние нема да жалиме за никакви ресурси, апсолутно за ниту еден“, рече американскиот лидер за време на говорот во Белата куќа.

Американските власти продолжуваат да ги затвораат образовните институции, да воведуваат забрана за одржување настани и собири со голем број луѓе, а многу конференции се одржуваат на Интернет.

Режимот за вонредна состојба ќе и овозможи на претседателската администрација на САД оперативно да ги распореди потребните ресурси за борба против вирусот во сите американски држави.

Според најновите информации, бројот на пациенти со коронавирус во САД надмина 1.600 лица. Сепак, се сомнева дека бројот на болни е уште поголем. Досега, направени се помалку од 10.000 тестови на коронавирус.

Слични содржини