Трамп разговараше со Ким Кардашијан за реформите

од desk2
133 прегледи

 

Претседателот на Америка Доналд Трамп се сретна со ријалити ѕвездата Ким Кардашијан во Белата куќа за да разговара за реформата на затворскиот систем. На состанокот присуствувале и официјални лица од Белата куќа вклучително и советникот Џаред Кушнер.

Трамп ја сподели фотографијата од состанокот на Твитер.

„Одличен состанок со Ким Кардашијан денеска, разговаравме за реформите на затворите и изрекувањето пресуди“, напиша Трамп.

„Би сакала да му се заблагодарам на претседателот Трамп за одвоеното време ова попладне. Се надеваме дека претседателот ќе одобри помилување за Елис Мари Џoнсон“, напиша старлетата.

Џонсон пред повеќе од 20 години е осудена на доживотен затвор заради злоупотреба на наркотици. Казнета е дека била врска меѓу снабдувачи на улични дилери на дрога, што и бил прв судар со законот.

Кардашијан лани покрена кампања за Џонсон заради што и разговараше со Кушнер кој е задолжен за затворските реформи. Таа наводно планира уште еден состанок наскоро со Кушнер и со ќерката на Трамп, Иванка.