Трамп се договори со Јапонија за царините

Во неговиот пост на неговата социјална мрежа „Трут Соушл“, претседателот на САД тврди дека Јапонија ќе го отвори пазарот за трговијата со САД, вклучително и со автомобили, ориз и други земјоделски производи.

од desk2
10 прегледи

Претседателот на САД, Доналд Трамп, соопшти дека САД и Јапонија постигнале трговски договор, кој, според Трамп, ќе донесе 550 милијарди долари јапонски инвестиции во неговата земја. Двете земји една на друга ќе си ги царинат стоките и услугите со 15% од вредноста.

Во неговиот пост на неговата социјална мрежа „Трут Соушл“, претседателот на САД тврди дека Јапонија ќе го отвори пазарот за трговијата со САД, вклучително и со автомобили, ориз и други земјоделски производи.

Една од најспорните економски мерки на Трамп во првите 6 месеци на неговиот втор мандат е наметнувањето високи царини за увоз од клучните трговски партнери на САД – 25% царини за Канада и Мексико, како и дополнителни царини за Кина. Во истата група е и ЕУ и Македонија, но останува да се види какви договори со Трамп ќе склучат тие.

И покрај тоа што администрацијата на Трамп тврди дека новите царински мерки довеле до собирање 90 милијарди долари во државниот буџет, низа економисти и голем дел од населението стравуваат дека тоа е, а и во иднина ќе се одразува на, потрошувачите и бизнисите во САД.

Слични содржини