Претседателот на САД, и покрај многуте бомбастични најави претходно, сепак нема да се ангажира за договарање средба меѓу завојуваните Русија и Украина, односно нивните претседатели Владимир Путин и Володимир Зеленски, туку ќе остави самите да се договорат за средба, јавија светските агенции.
Така Трамп повторно се повлекува од кажаното, односно нема да преземе активен чекор за решавање на војната во Украина. Наскоро откако стана претседател, тој вети дека ќе го реши спорот „за 24 часа“.
Агенциите, повикувајќи се на неименувани извори, велат дека претседателот на САД на своите сојузници им кажал дека има намера да стане домаќин на средба на двајцата претседатели откако првин тие ќе се сретнат меѓу себе. Не се знае дали до тоа ќе дојде, но Трамп нема намера да се меша, велат изворите.