Трамп сепак се обрати пред судот: „Знам дека ова ви е досадно, јас сум невин“

од Stefanija Kuzmanovska
175 прегледи

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, во изненадно обраќање на судењето за измама во Њујорк, го обвини судијата Артур Енгорон за пристрасност и упати низа жестоки критики против него.

Трамп, кому му беше забрането да дава завршни зборови во своја одбрана, ја искористи можноста да се обрати до судот на крајот од граѓанската парница, и според правилата тој имаше право да се фокусира на прашања поврзани со судењето.

„Имаме ситуација каде сум јас невин. Ме гони некој што се кандидира за функција. Не направив ништо лошо. Треба да ми платат. Јас сум измамен. Јас“, изјавил поранешниот претседател на САД.

Потоа го обвинил судијата дека не го слуша.

„Знам дека ова ви е досадно“, рече Трамп, пренесе „Гласот на Америка“.

Судијата Артур Енгорон, кој претходно го отфрли барањето на Трамп да ги изнесе своите завршни зборови на судењето, првично му дозволи на поранешниот претседател да зборува речиси непрекинато, а потоа го прекина и свика пауза за ручек.

На Трамп му се суди под обвинение од њујоршки обвинител дека го преувеличувал своето богатство во финансиските документи кои ги доставувал до банки, осигурителни компании и други.

Слични содржини