Трамп: Случаите против мене се обид да се осуети мојата кандидатура

од Stefanija Kuzmanovska
164 прегледи

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го критикуваше њујоршкиот обвинител Алвин Брег за поднесување кривична пријава против него и нагласи дека целиот случај претставува мешање во изборите без да бидат пружени докази.

Тој рече дека сите случаи против него се обид да се спречи неговата трета кандидатура за претседател на САД, нарекувајќи го тоа „масовно мешање во изборите од невидени размери“.

„Никогаш не мислев дека такво нешто може да се случи во Америка. Единственото злосторство што го направив е што бестрашно ја бранам нашата нација од оние кои се обидуваат да ја уништат“, им рече Трамп на приврзаниците собрани во неговиот дом Мар-а-Лаго во Палм Бич, Флорида.

Трамп повторно на суд во декември

Судијата кој ја води постапката против поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Њујорк, го закажа следното рочиште за 4 декември, приближно два месеца пред официјалниот почеток на републиканските прелиминарни избори за претседателската трка во 2024 година, пренесува американскиот портал „Хил“.

Трамп вчера беше изведен на Менхетен пред судијата Хуан Меркана, каде беше обвинет за 34 кривични дела поврзани со тајни плаќања на ѕвездата од филмовите за возрасни Сторми Даниелс пред изборите во 2016 година и се изјасни за невин по обвиненијата.

На декемвриското рочиште судијата ќе одлучува за очекуваните предлози за отфрлање на случајот, пишува американскиот портал.

Слични содржини