
Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека САД ќе го нападнат Иран посилно од кога и да било, ако Исламската Република изврши напади како одмазда за атентатот врз иранскиот генерал Касем Сулејмани.
„Ако продолжат да напаѓаат, нешто што јас силно ги советувам да не го прават, ќе ги удриме посилно отколку што некогаш биле удрени“, се закани Трамп на својот профил на Твитер.
Американскиот шеф на државата исто така напиша дека може да испрати некои од најновите и најголемите американски воени уреди против Иран доколку Исламската Република нападне американска воена база.
Трамп предупреди: „Соединетите држави штотуку потрошија 2 трилиони долари за воена опрема. Ние сме најголеми и најдобри во светот! Ако Иран нападне американска база, или кој било Американец, ние ќе испратиме дел од оваа нова убава опрема против нив … и без двоумење!“
Коментарите на Трамп беа дадени откако тој во низата објавувања на Твитер тврдеше дека е подготвен да го нападне Иран доколку Техеран тргне да се одмаздува за убиството за Сулејмани.
Претходно, САД потврдија дека нападите биле извршени во близина на нивните бази во Ирак, а ирачката пара-воена група поддржана од Иран, Катаиб Хезболах, изјави дека ќе ги таргетира американските трупи од денес (недела).
Трамп, исто така, ретвитна пост на државниот претставник на Тексас, Ден Круншо, кој рече дека не е точно дека Трамп не планирал кога решил да го убие Сулејмани, бидејќи „чекор еден во секоја стратегија е да ги сопреме терористичките режими да нè напаѓаат без последици“.