Трамп со радикален потег – денес потпишува наредба за затворање на Министерството за образование

од Даниел Ѓорѓиевски
79 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе потпише извршна наредба со која ќе започне процесот на затворање на Министерството за образование, соопшти Белата куќа.

Според објавата на Ројтерс, наредбата ја задолжува секретарката за образование, Линдзи Мекмахон, да преземе сите неопходни чекори за укинување на министерството и враќање на државната одговорност за образованието. Истовремено, се нагласува потребата од „континуирана ефективна и непречена испорака на услугите, програмите и придобивките на кои се потпираат Американците“.

Дополнително, Трамп наложува дека сите преостанати програми или активности финансирани од Министерството за образование не смеат да промовираат родова идеологија.

Затворањето на ова министерство е едно од клучните предизборни ветувања на Трамп, кој во повеќе наврати го нарече „голема измама“ и се залагаше за намалување на федералната улога во образованието.

Слични содржини