Трамп “тежок” 3,7 милијарди долари: Дали новиот американски претседател е најбогат светски лидер?

од Vladimir Zorba
125 прегледи

Новиот американски претседател Доналд Трамп се смета за еден од најбогатите лидери во Светот, тврди “Форбс”, кој го пресметрал неговото нето богатство.

skmktkqturbxy8wytu0zmjhzmvhmzqxmtm3n2zmnzy5ngvlytblyzg4ys5qcgvnk5uczqmuamldlqlnadyawsovb9kyl3b1bhnjbxmvturbxy8xzdc0y2i0mtcwntk1mdqznjyyownhymq2mdzmntbmni5wbmchwga

Трамп за претседателската кампања дал седум милиони долари од своите пари и се задолжил уште 48 милиони евра, додека останатите средства се добиени од донации.

Во исто време, републиканецот е првиот милијардер кој уште од 1996 година се кандидирал за претседател на САД (тогаш бил кандидатот Рос Перот постариот). Доналд Трамп изјави за медиумите дека минатата година заработил 694 милиони долари нето-профит.

Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави е сопственик на луксузни имоти, пред се во Њујорк. Многу од нив имаат долгови од неколку милиони долари, но добивката се мери во стотици милиони долари.
Трамп покрај десетици илјади квадратни метри на просторот за живеење и канцеларии, поседува на земјиште на најлуксузните локации во Њујорк, за кои тој плаќа кирија која е со важност до 2082 година. Од изнајмувањето на ова место секоја година заработува милиони.

Според податоците на “Форбс”, Доналд Трамп е на 156-то место на најбогатите луѓе во светот, а во 2016 година паднал за 35 места со загуба од 800 милиони долари оваа година.

Сепак, на Трамп не е меѓу првите десет најбогати политичари на светот, а тоа се должи на фактот дека местаата резервирани за богатите од Саудиска Арабија и Катар кралеви и принцови.

Најбогатиот кандидат на изборите

На овие претседателски избори во САД Трамп беше далеку најбогатиот кандидат. Според “Њујорк тајмс”, Трамп, со неговото богатство може да ги купи сите други кандидати, и републиканците и демократите. Втор на листата е Хилари Клинтон, која објави дека сопругата на Бил делат 45 милиони заеднички пари, а најскромен беше Берни Сандерс со 500.000 долари