Трамп вели дека на Украина нема да ѝ достави ракети со долг дострел и го повика Зеленски да не ја гаѓа Москва

од desk2
16 прегледи

Претседателот на САД, Доналд Трамп, по вчера објавената информација дека му рекол на својот украински колега Володимир Зеленски дека треба да ги интензивира нападите врз Русија и дека го прашал дали би смеел да ја гаѓа Москва ако му достави ракети со долг дострел, во обраќање до медиумите излезе со нов исказ. Негира дека САД на Украина ќе ѝ испрати ракети со долг дострел AGM-158 JASSM.

Трамп до Зеленски: Можеш ли да ја нападнеш Москва ако добиеш оружје со долг дострел?

Трамп ги отфрла сите наводи за испраќање крстосувачки ракети со долго дострел, нешто за што се шпекулира откако беше објавено дека САД ќе испрати нов пакет оружје на Украина.

„Не, не сакаме да го направиме тоа“, рече Трамп.

Шефот на украинската делегација во НАТО, Јехор Чернев, објави дека украинската балистичка ракета Хрим-2 е речиси подготвена за употреба и наведе дека има дострел да ја погоди Москва.

„Не, не би требало да ја гаѓа Москва“, вели Трамп предупредувајќи го Зеленски.

Дополнително, Трамп објасни дека неколку земји од Европа и членки на НАТО ќе ги платат американските ПВО ракетни системи „Патриот“ за Украина. Претходно Трамп кажа дека сите членки на НАТО ќе ги платат „Патриот“-ите, но Франција и Италија се остро спротивставени на тоа.

Франција и Италија одбиваат да го финансираат американското оружје за Украина

Иако нагласи дека ракети со долг дострел не се опција за Украина, Трамп сугерира дека мала серија дополнителни балистички ракети со краток дострел MGM-140 од системот ATACMS од американско производство би можеле да се користат за удар длабоко во Русија.

Слични содржини