Доналд Трамп претстави широка економска агенда која вклучува зголемување на производството на енергија во САД, намалување на даноците, елиминирање на инфлацијата, протерување на мигрантите, зачувување на социјалното осигурување и „Medicare“ (здравствена заштита), како и спречување на Третата светска војна.
Во говорот наведен како сериозна дискусија за економската политика, Трамп се фокусираше на инфлацијата и порастот на трошоците за живот во изминатите три години. За тоа директно ја обвини потпретседателката и негов противкандидат на претстојните избори – Камала Харис, пренесе US News.
„Ќе ги намалиме цените и ќе ја направиме Америка повторно достапна“, рече Трамп пред публиката на митингот во Северна Каролина.
Трамп вети дека ќе го зголеми производството на енергија во САД, ќе ги намали владините регулативи и ќе ги елиминира даноците за бакшиш и социјално осигурување. Тој, исто така, вети дека ќе го исплати државниот долг, кој сега изнесува околу 35 трилиони долари.