Трамп за карантинот: Штетата од овој метод ги надминува неговите придобивки

од Vladimir Zorba

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека карантинските мерки преземени против новиот вид коронавирус (КОВИД-19) не го спречуваат ризикот од идни инфекции, јавува агенцијата Анадолија.

На прес-конференцијата во Белата куќа, Трамп одговори на прашањата на новинарите за тековните настани, пред се за пандемијата на коронавирус.

Тој потсети дека епидемијата е сè уште активна во одредени делови од земјата, па затоа ги повика граѓаните да продолжат да бидат внимателни.

„Сите Американци треба да знаат дека карантинот не е одржлив метод за постигнување на посакуваниот резултат. Штетата од овој метод ги надминува неговите придобивки“, рече Трамп.

Посочувајќи дека епидемијата е во пораст во многу делови на светот, Трамп рече: „Карантините не го спречуваат идното пренесување на КОВИД-19. Целта на овие карантини беше да се добие време да се изгради капацитет, особено болници против вирусот, да се научи повеќе за болеста, да се развиваат вакцини и да се лекуваат луѓето“.

Слични содржини