Трамп: Запревме масовни убиства меѓу Косово и Србија, заслужувам Нобел

од Vladimir Zorba
288 прегледи

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека ја заслужува Нобеловата награда за мир затоа што успеал да запре масовни убиства меѓу Србија и Косово, пренесуваат американските медиуми.

„Сигурен сум дека следното е Нобелова награда за мир. Ние ги запираме масовните убиства меѓу Косово и Србија. Тие се убиваат меѓусебно толку многу години. Ќе престанат да се убиваат. Знаете, тоа го правеа стотици години, иако под различни имиња“, рече Трамп на предизборен митинг во Северна Каролина.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Авдулах Хоти, се обврзаа да ги нормализираат економските односи на 4 септември во Белата куќа.

Минатата недела шведскиот пратеник Магнус Јакобсон ги номинираше владите на САД, Србија и Косово за Нобелова награда за мир за улогата во постигнувањето на тој договор меѓу Србија и Косово.

Претседателските избори во САД се закажани за 3 ноември.

Слични содржини