Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп ги засили своите вербални напади на демократската противкандидатка Камала Харис во саботата додека таа се сврте кон познатите личности за да ја поттикне нејзината кампања, при што и двајцата им се додворуваа на гласачите.
Харис и Трамп се прилично изедначени во свинг државите каде што многу Американци почнаа рано да гласаат по пошта или лично, само 17 дена пред изборите на 5 ноември.
Во саботата, Харис ги собра поддржувачите во Детроит, Мичиген, на првиот ден од предвременото гласање во градот, заедно со раперката Лизо родена во Детроит, која рече дека гласањето е клучно во држава каде што тесните маргини можат да одлучат за изборите.
Подоцна во Атланта, Харис се појави со поп пејачот Ашер.
– Оваа е најкритичната меѓу сите „колебливи“ држави, така што секој и последен глас е важен овде – рече Лизо.
Таа ги отфрли тврдењата на некои дека Америка не е подготвена за жена претседател, велејќи: „Време е“, пеејќи еден од нејзините најголеми хитови.
Гласовите во неколку „свинг држави“, каде кандидатите на двете партии имаат подеднакво силна поддршка, а изборните резултати беа тесни во изминатите циклуси, најверојатно ќе одлучат за изборите.
Во Латроб, Пенсилванија, Трамп ги засили своите лични напади врз Харис, практика што некои од неговите советници стравуваат дека може да ги исклучи непостојаните гласачи.
Трамп рече дека Харис е „полева“ од демократските сенатори Елизабет Ворен и Берни Сандерс.
– Мора да и кажете на Камала Харис дека ви е доста, дека едноставно не можете повеќе: Не можеме да те поднесеме, ти си по*рана потпретседателка – рекол Трамп.
Додека толпата аплаудираше, Трамп додаде: „Камала, ти си отпуштена, оди си оттука, отпуштена си“.
Иако настанот во Латроб беше наведен како почеток на завршните аргументи на неговата кампања, Трамп брзо се огради со долг говор за родното место во градот Арнолд Палмер, кој вклучуваше грозен коментар за гениталиите на легендарен играч на голф.
– Откако се тушираа со него, другите професионалци излегуваа и велеа: „О Боже мој, тоа е неверојатно“, рече тој.
Кампањата на Камала Харис брзо реагираше.
– Завршниот говор на Трамп во Пенсилванија е буквално ѓубре. Во говорот на митинг во Пенсилванија, кој неговиот предизборен тим го опиша како „почеток на завршниот аргумент во последниот дел“, Трамп се фокусираше на прашањето што е најважно за гласачите на овие избори: анатомијата на починатиот играч на голф, според изјава на кампањата.
И во Детроит и во Атланта, Харис ги повика своите поддржувачи да вложат максимални напори за да победат.
– На денот на изборите не сакаме да жалиме што можевме да направиме во следните 17 дена – изјави таа на група од околу 300 гласачи кои планираа заедно да одат на предвременото гласање.
Таа рече дека предвременото гласање веќе поставило рекорди во Џорџија и Северна Каролина и го предизвика Детроит – град познат по својата богата музичка сцена – да го следи примерот.
Следната станица на Камала беше Атланта, Џорџија, на митинг со друга музичка икона, Ашер, кој зеде одмор од тридневната концертна турнеја во јужниот град за да оди од врата до врата и да ги натера соседите и пријателите да гласаат.
– Секој повик е важен. Секој разговор е важен. Сето тоа прави разлика во затворањето на оваа трка… Се што правиме во следните 17 дена ќе влијае на иднината на нашите деца, нашите внуци, луѓето кои најмногу ги сакаме – рече тој.