Трансфер политиката на Челси во хаос

од Vladimir Zorba

Во Вест Хем владее разочарување и растечка иритација кон Челси поради немањето никаков одговор од „сините“ за напаѓачот Армандо Броја, пренесува англискиот печат.

„Чеканите“ имаат приоритет при ангажирањето на албанскиот напаѓач и сакаат што поскоро да започнат конкретни разговори за цената на играчот и спецификите за условите на „сините“.

Сепак, во Челси се уште владее хаос и неизвесност по промената на сопственоста и формирањето на нова стратегија и приоритети. Дури вчера стана јасно дека актуелниот претседател на тимот Брус Бак и жената која всушност беше одговорна за оперативното управување на клубот, Марина Грановскаја повеќе нема да бидат дел од раководството на тимот.

Токму поради оваа причина тие не можат да започнат конкретни разговори од таму во која било насока – за привлекување или ослободување од играчи.

Слични содржини