Траоре: Сакам да донесам многу причини за радост на навивачите

од Vladimir Zorba

Новото засилување на Барселона Адама Траоре беше претставен пред медиумите како играч на тимот. На својата специјална прес-конференција, крилниот напаѓач ја изрази својата радост поради враќањето во клубот и вети дека ќе даде се од себе за да му помогне во развојот.

„Му благодарам на претседателот што го овозможи моето враќање, како и на моите пријатели, на моето семејство и на сите што беа со мене во текот на седумте години додека бев далеку од дома. Ќе дадам се од себе да ги израдувам навивачите. Се надевам дека во недела ќе го покажам сиот мој талент на теренот. Сега сум физички посилен, имам поголемо искуство и ја поминав Премиер лигата, која е различно првенство. Сепак, никогаш не ја изгубив суштината на Барса и многу сум среќен што можам да се вратам и да работам со Чави“, изјави тој.

„Секогаш сум ја гледал Барса. Како што рече претседателот, мислам дека се развиваме и сакам да помогнам. Чави го бара она што го сака од сите играчи од крилото – да го покажам мојот талент, да победувам во ситуации еден на еден и други работи во дефанзива и офанзива. Тренерот одлучува кој да игра. Доаѓам на работа и давам се од себе, а Чави одлучува на кого да се потпре“, посочува шпанскиот репрезентативец.

„Чави е клупска легенда. Уште кога дебитирав за клубот, имав можност да разговарам со него како да тргнам по неговите стапки. Тој отсекогаш бил пример за мене, како и Карлес Пујол, Андрес Иниеста, Серхио Бускетс и Жорди Алба, кои постојано даваат совети и ни го покажуваат патот по кој треба да одиме. Секогаш е многу посебно да се биде на „Камп Ноу“. Кога ќе требам на тимот, ќе се обидам да помогнам колку што можам. Барселона отсекогаш била мојот дом. Многу сум среќен што се вратив дома, каде што поминав 11 години. Сакам да донесам многу причини за радост на навивачите. Никогаш не сум играл назад. Во Премиер лигата играв на различни позиции, на пример како надворешен играч од средниот ред. Чави сака да ме користи како крилен напаѓач“, изјави Траоре.

Слични содржини