Дончиќ го предводеше Далас до победа над Минесота

од Milan1

Далас маверикс ноќеска ја победи Минесота тимбервулвс со 108:105 во воведниот меч од полуфиналната серија на НБА плејофот. Најпродуктивен играч на паркетот беше словенечкиот репрезентативец Лука Дончиќ, кој постигна 33 поени.

Кај домаќините најефикасен беше Џејден МекДаниелс со 24 поени.

Резултатот во серијата прв до четири победи е 1:0 за Далас. Следниот натпревар ќе се одигра на 25 мај.

Вечер во 2 часот по полноќ на програмата е вториот натпревар од серијата во Источната конференција. По првиот дуел Бостон води против Индијана со 1:0.

Слични содржини