Трчањето може да го замените со одење

од desk2
134 прегледи

Трчањето е одличен кардио тренинг но секако не и нужен. Место трчање, својот кардио тренинг може да го одработите и со одење.

Секако, не со најобично одење, затоа што таа програма користи интервали кои се најделотворни за согорување калории.

Битно е да водите сметка за:

Фреквенцијата
Обидете се да одите три до пет пати неделно. Почетниците треба да почнат полека (три пати), додека средните и напредните може да издвојат програма со пет пати неделно.

Интензитет
Се оди со брзо, а не лежерно темпо. Обрнете внимание на вкупниот интензитет, со цел секогаш да бидете меѓу пет и седум на скала од 1 до 10.

Време
Зависи од вашите физички способности. Не смеете да форсирате, а сепак, не смеете да си зададете премногу лесно темпо.

И запоменте, пред третнингот секогаш треба да се загреете, а после да оладите. Со загревање го подготвувате телото за напорите кои следат, а истегнувањето ќе спречи воспаление на мускулите и ќе го забрза процесот на опоравување.