За време на циклусот жените стануваат мрзливи повеќе нервозни и значително поголеми песимисти. Многу од нив преферираат да лежат на каучот и да се товат со слатки, поттикнати од разбеснетите хормони и болки. Ова сепак ни од далеку не е вистинската стратегија, за да се справите со овие денови од месецот.
Менструацијата не е право на избор, но не треба да ја оставите да ви го диктира животот, ниту да го нарушува режимот, тврди д-р Џордан Метзел, автор на книгата “Running Strong: The Sports Doctor’s Complete Guide to Staying Healthy and Injury-Free for Life “.
Според него умереното движење и вежби всушност може да ви помогнат да се справите со малаксаноста за време на циклусот и не треба да барате дополнителен повод за ве фаќа мрза. Експертот ги советува дамите кои се фанови на џогирање, да не се откажуваат од него, дури и ентузијазмот да испарил за време на овие денови.
Треба ли да трчате за време на циклус?
Според Метзел трчањето помага да се справите со грчевите и болката. Тоа е така, бидејќи за време на физичката активност се лачат ендорфини (хормони на среќата), како и се подобрува циркулацијата на крвта во телото. Како резултат на тоа брзо ќе се ослободите од чувството на тежина и отекување, типични за овие денови од месецот.
Добра идеја е да трчате со истото темпо и должина?
Ништо не ве спречува тоа да го пробате! Во случај да болките ви се силни, сепак, подобро намалете го темпото и во краен случај продолжете со брзо одење. “Може умствено да си повториме пократки цели. На пример да го скратите растојанието што ќе ви помогне да се мотивирате и да не се вратите уште во почетокот “, вели Метзел.
Како да се подготвите за следната месечна омалаксаност?
Важно е да пратите како се менува телото со текот на месецот и да се види дали има тренд во конкретни денови (пред, за време или по циклуси) тоа да направи прекин доживувајќи посилни болки. Обележите ги овие денови и модифицирајте го вежбањето, па да се чувствувате добро при физичката активност. Намалете ги вашите растојанија, темпото и давајте со повеќе паузи, ако е потребно.