Мажествено ли е господата да ги остават влакната под пазувите? Одговорот е едноставен: Не! Истражување на машкиот сајт Men’s Health покажува дека претставниците на посилниот пол категорично треба да се ослободат од влакната во овој дел на телото.
Според резултатите во анкетата во која учество зеле над 4 000 мажи, 62% се категорични дека редовно ги отстрануваат влакната во областа на пазувите. 52% тврдат дека тоа го прават од естетски причини, а 16% поради спорт. Десет години порано слична анкета веројатно требаше да даде сосема различни резултати, сподели Холивудскиот експерт за машки изглед Крег Вајт.
“Ако и онака сте го земале бричот, за да се погрижите за лицето, зошто да не продолжите и на други места?”, изјави Крег.
Сајтот не спровел анкета меѓу жените, но сепак се распрашал за нивното мислење за темата. Дамите исто биле повеќе од категорични: “Влакната во областа на пазувите кај мажите се одбивни!”.
Еволутивниот биолог Даниел Лијберман од Универзитетот Харвард објасни дека пред неколку векови влакната во овие зони биле задолжителни и е знак за машкост и атрактивност.
“Под пазувите има многу жлезди кои продуцираат пот. Тие содржат стероиди, липиди, протеини и други хемикалии кои даваат информации за здравјето и силата на предметниот човек. Присуството на влакнатост ја засилува нивната миризба, која била користена за привлекување на припадничките на спротивниот пол. Оваа тактика сепак дефинитивно не функционира денес “, убеден е Лијберман.
Елементарната хигиена во областа на пазувите не е знак на метросексуалност. Во пракса тоа помага да се задржи свежиот изглед и емитување, да бидат со беспрекорен изглед и дури и да ја зачувате вашата облека. Што се однесува до самата постапка за отсртанување на влакна, таа е кратка и лесна:
1. Не се бричете на суво – правете го тоа под туш или дури може да ставите од својот крем за бричење на пазувите.
2. Обложете се на убав жилет (заменувајте го на соодветниот период на време, па да биде чист и доволно прецизен), за да не ја повредите кожата.
3. Не пропуштајте да ставите хидратантен крем или друг ароматизер, кој е корисен за кожата , откако сте се избричиле.