Тренчевска: Вистинската причина за одбивање на децата за сместување во градинка во Штип е неспособноста на општината

од Radmila Tasevska
192 прегледи

„Имено двете градинки во Штип се проектирани за вкупен опфат на 1345 деца, а моментално е запишано само 1161 дете. Вистинската причина за одбивање на децата за сместување во градинка е неспособноста на Општината. Од министерство уште еднаш потврдуваме дека листи на чекање нема, а доколку има тоа Советот на општината може да го реши со одлука за проширување на капацитетот“ соопшти заменик-министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска.

Таа додаде дека градоначалниците кои не нудат решенија за предизвиците на граѓаните, не може да зборуваат за подобрување на системот за детска заштита, а техничкиот министер кој не ги проверува информациите пред да излезе на телевизија, само ја манипулира јавноста.

„Во делот на вработувања, информираме дека во изминатите две години за во градинките во Штип побарани се вкупно 17 вработувања, 24 унапредувања и две продолжувања на согласности од кои само две вработувања и две унапредувања не се одобрени“ истакна Тренчевска.

Заменик министерката додаде дека отворената работа на министерството изминатите две години ја потврдуваат соработката со останатите општини, кои се проактивни и кои имаат познавања за пишување на проекти вредни за поддршка независно од нивната партиска обоеност.

Слични содржини