Трендафилов ги отфрли обвинувањата на владејачката ВМРО-ДПМНЕ

,,За едните бев портпарол на ВМРО, за другите сум портпарол на СДСМ, и нивната перцепција секогаш зависи од позицијата во која се наоѓаат, односно дали се на власт или се во опозиција’’ Борбата за зголемување на работничките плати е чиста работничка борба.

од Даниел Ѓорѓиевски
104 прегледи

ССМ работи во интерес на работниците и нема да потпадне под никакви притисоци, а најмалку на тие кои доаѓаат од политичките партии кои во зависност од позицијата во која се наоѓаат, власт-опозиција се против работниците, изјави за Локално претседателот на сојузот на синдикати Слободан Трндафилов.

,,ССМ работи за работниците, а ВМРО и СДСМ можат слободно да се обвинуваат меѓусебно, имајќи во предвид дека и едните и другите кога беа на власт беа и се против работниците’’ изјави Трендафилов.

За обвинувањата дека првиот човек на ССМ е гласноговорник и портпарол на опозициската СДСМ кои ги упати владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Трендафилов вели дека наративите се менуваат онака како што се менува власата, и за него тоа не е ништо ново, но потенцира дека ќе продолжи силно да се бори за правата на работниците како и до сега.

,,За едните бев портпарол на ВМРО, за другите сум портпарол на СДСМ, и нивната перцепција секогаш зависи од позицијата во која се наоѓаат, односно дали се на власт или се во опозиција’’ Борбата за зголемување на работничките плати е чиста работничка борба!, изјави првиот човек на ССМ.

Реакцијата на првиот човек на ССМ доаѓа откако денеска од ВМРО-ДПМНЕ го обинија Трендафилов дека е десна рака на опозициската СДСМ и нивен гласноговорник.

,,Тоа што СДС ќе го пласира како политичка теза, Слободан Трендафилов го презема како синдикално делување. Барањата на ССМ се барања направено во СДС. Усогласената политика помеѓу СДС и ССМ има некои подлабоки корени, а за тоа кои се тие, ќе откриеме на денешната пресконференција, стои во целосното партиско соопштение’’

Инаку, обвинувањата од владејачкото мнозинство доаѓа откако Сојузот на синдикати на Македонија упати барање до политичките фактори во државата за зголемување на минималната плата за 6000 денари, барање кое според ССМ доколку не биде прифатено, сојузот ќе настапи со генерален штрајк.

Слични содржини