Бројот на активни случаи во земјава изнесува 12.317.Најголемиот дел од заразените се од Скопје (6500).
Министерот за здравство Беким Сали уште еднаш упати апел до граѓаните што побрзо да се вакцинираат.
-Бројот на граѓаните кои примиле прва доза на вакцина против Ковид-19 не е доволен, но уште понезадоволително е тоа што е многу мал бројот на оние кои примиле трета доза, која е најсигурниот штитник особено за пациентите со коморбидитети, изјави Сали, упатувајќи апел до ова група граѓани што побрзо да се обратат на вакциналните пунктови за да се заштитат.
– Нашите првични анализи, кои не се финални, ни даваат до знаење дека третата доза е најсигурниот и најбезбедниот штитник. Апел до сите наши граѓани, ги молиме сите што имаат коморбидитети, што побрзо да се обратат кон сите вакциналните пунктови за да се заштитат, изјави Сали во одговор на новинарско прашање, по примопредавање на првиот дел од донацијата од Италија од 250 илјади дози вакцини против Ковид-19.
Досега во земјата се направени вкупно 1.821.672 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 278.872, бројот на оздравени пациенти е 257.956, на починати е 8.599.