Трета фаза од дезинсекцијата против ларви од комарци во Скопје

од Vladimir Zorba

Град Скопје информира дека в среда (21 јуни) ќе се реализира третата фаза од дезинсекцијата на подрачјето на Скопје против лаври од комарци.

Во раните утрински часови ќе се реализира авионската дезинсекција (трета фаза) против ларви од комарци, а во текот на денот и трета фаза од терестричната (земјена) дезинсекција.

-Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, се наведува во соопштението.

Град Скопје ги известува пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Слични содржини